Утрински Весник
Македонија

Казнети 222 возачи во Скопје, меѓу кои 60 за брзо возење

Санкционирани 393 возачи во Скопје, од кои 164 за брзо возење
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 222 санкции, меѓу кои 60 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 23 мерки за возење без возачка дозвола и 2 мотоциклисти.

„Изречени се 29 мерки за непрописно паркирање, едно привремено одземено возило и 26 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.
 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената