Утрински Весник
Македонија

Казнети 206 возачи во Скопје, 46 за брзо возење

Казнети 206 возачи во Скопје, 46 за брзо возење

Полицијата вчера казни 206 возачи во Скопје, од кои 46 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 20 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 15 за возење без возачка дозвола. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, осум за возење под дејство на алкохол, пет за возач почетник, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, 28 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Осум повредени во судир на „мерцедес“ и БМВ на патот Гостивар–Тетово

Вечерва голем пожар во магацин во кругот на  „Макстил“ 

Вечерва уапсен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа