Утрински Весник
Македонија

Казнети 190 возачи во Скопје

Казнети 190 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои 34 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 35 за непрописно паркирани возила и 20 мерки за неносење на лична заштита.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола