Утрински Весник
Македонија

Казнети 188 возачи во Скопје, 39 за брзо возење

Казнети 188 возачи во Скопје, 39 за брзо возење

Полицијата вчера казни 188 возачи во Скопје, од кои 39 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 31 прекршок што го чинат возачите на мотоцикли, 11 за возење без возачка дозвола. Изречени се 18 санкции за користење мобилен телефон, 14 за возење под дејство на алкохол, 48 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Битиќи: Случајот со концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ се затвори пред две години, денес е донесена конечната пресуда

Камион се запали на превојот Плетвар

УЈП: Поднесување ДДВ-04 пријави и плаќање даночен долг до 25 август 2025