Утрински Весник
Македонија

Казнети 179 возачи во Скопје

Казнети 461 возач во Скопје  

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, од кои 29 за управување со брзина поголема од дозволената, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 14 за поминување на затворен семафор (црвено светло) и 11 мерки за користење на мобилен телефон.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН

Познат скопски бизнисмен најден мртов во базенот во својот двор

Апасиев: Левица ќе го блокира Изборниот законик ако остане политичката дискриминација во него