Утрински Весник
Македонија

Казнети 158 возачи во Скопје, од кои 73 за брзо возење

Казнети 158 возачи во Скопје, од кои 73 за брзо возење

Полицијата вчера казни 158 возачи во Скопје, од кои 73 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 22 за возење под дејство на алкохол, 18 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, девет за возач почетник“, соопшти МВР.

Од таму најавија засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство

Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги