Утрински Весник
Македонија

Казнети стотина возачи во Скопје, од кои 42 за брзо возење

Казнети стотина возачи во Скопје, од кои 42 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 141 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, 8 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 3 санкции за користење мобилен телефон, 4 санкции за некористење сигурносен појас, 5 за минување на црвено светло и 35 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да зголемување на безбедноста во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Касами: Да има отворени листи, а со измените на Изборниот законик да се изнајде можност за поголемо учество на дијаспората во гласањето

„Подавам рака кон единството“ – Костадинов го одмрзна членството во СДСМ

СДСМ: Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ