Утрински Весник
Македонија

Казнети скопски ресторан и неговиот управител – организирале масовни прослави во време на строги мерки

Казнети скопски ресторан и неговиот управител – организирале масовни прослави во време на строги мерки
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопското основното јавно обвинителство поведе постапка за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи, против едно физичко и едно правно лице.

Како што информираат од Обвинителството, станува збор за ресторан и неговиот управител, бидејќи на 18 август минатата година не постапиле согласно прописите со кои беа определени мерки за заштита на населението од заразни болести.

Имено, при контрола од Државниот пазарен инспекторат во ресторанот било утврдено дека спротивно на протоколот за работа, во две целосно затворени сали на ресторанот се организирале прослави и се послужувале гости.

Во едната сала била организирана свадба со околу 150 лица, а во другата – прослава со околу 20 лица.

Јавен обвинител  доставил предлог до Основниот кривичен суд Скопје на обвинетиот управител да му биде определена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност, додека ресторанот да биде казнет со парична казна од 300.000 денари.​​

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче