Утрински Весник
Македонија

Казнен налог за прекршување на полицискиот час за државјанин на Албанија

Десетмина обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје​
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице, државјанин на Република Албанија, заради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија од ОЈО Гостивар.

– Обвинетиот 25-годишник, на 16 мај во 04:15 часот, за време на полицискиот час, бил затекнат како се движи со коњ во селото Велебрдо од каде се упатил кон местото викано Долно Маало, пред џамијата. Притоа бил забележан од полициски службеници од ПО Ростуше, информираат од ОЈО Гостивар.

Освен ова, гостиварското Обвинителство денеска за истото кривично дело поднесе предлози за издавање казнени налози против уште 16 лица. Сите биле затекнати како се движат на различни локации за време на полицискиот час, со што ја прекршиле Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. За нив обвинителството предложи парични казни од 100 дневни глоби.​ оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗС апелира до угостителите да внимаваат на максимален број гости и функционални излези за безбедни прослави

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

ЗНМ: Партиите да не се препукуваат преку грбот на новинарите