Утрински Весник
Македонија

Казнати 281 возачи во Скопје 

Казнати 281 возачи во Скопје 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 281 мерка, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 9 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се 52 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 33 возила со специјално возило пајак. За неносење на  заштитна маска изречени се 33 санкции.  

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие: Приведени пет лица од Скопје, Тетово, Кичево и Прилеп!

Корупцијата останува „терапија“ во македонското здравство – се бараат пари, подароци, сексуални односи!

Трендафилов: Ако се срамат од сиромаштијата на својот народ, треба да зголемуваат плати