Утрински Весник
Свет

Кадиров им се заканува на Украинците: Ќе го окупираме Киев, тоа ви го гарантирам

Кадиров им се заканува на Украинците: Ќе го окупираме Киев, тоа ви го гарантирам

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров утринава изјави дека руската армија ќе нападне бројни украински градови, вклучувајќи ги Мариупол и Киев.

– Ќе има офанзива, не само во Мариупол, туку и во други места, градови и села – напиша Кадиров на Телеграма, додавајќи дека нема сомнеж за Киев.

„Ви гарантирам, нема да се повлечеме ниту еден чекор“, рече Кадиров.

Инаку, денеска е 47-ми ден од почетокот на руската инвазија на Украина.

Можете да прочитате

СЗО се подготвува за нуклеарна војна на Блискиот Исток

Руте: Очекувам Европа да се обедини околу Иран

Министерот за финансии на САД: Имаме „куп“ пари за војна со Иран