Утрински Весник
Свет

Кадиров до Ердоган: „Не дозволувајте да ве измамат“

Dik 300x250 mk

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров им се обрати на турските власти, потсетувајќи дека во металуршкиот комбинат „Азовстал“ во Мариупол има криминалци вклучени во бруталните убиства на цивили во Донбас, пренесуваат светските агенции.

Според написите, администрацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопштила дека е подготвена да ги евакуира нацистите од Азовскиот полк заробени во подрумите на „Азовстал“.

„Со сета почит кон лидерот на таа држава, би сакал да ве потсетам дека Азовскиот полк е фашистичко-нацистичка криминална вооружена формација вклучена во бројни злосторства и убиства на цивилното население во Донбас“, напиша Кадиров на својот „Телеграм“ канал.

Тој нагласи дека „фашистичките криминалци држат цивили во подрумите на „Азовстал“, користејќи ги како жив штит, а „тие се познати во Украина и во странство по нивните редовни изјави кои ги навредуваат исламските вредности“.

„Ако муслиманите во Русија ги растажи веста дека Турција, муслиманска земја, и помогнала на Украина да испорача беспилотни летала „Бајрактар“, тогаш замислете колку критични би биле во однос на пораката дека Турција е подготвена да ги евакуира жестоките противници и клеветници на исламот?“, истакнал чеченскиот лидер.

Обраќајќи му се лично на Ердоган, Кадиров потсети дека „Азовците се убијци и атеисти, кои сега сакаат да се претстават како невини жртви на руската агресија“. Претходно портпаролот и главен советник на претседателот на Турција Ибрахим Калин изјавил дека Турција е подготвена по море да ги евакуира ранетите украински неонацисти и цивили од „Азовстал“, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Израел ја прогласи границата со Египет за затворена воена зона

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви