Утрински Весник
Македонија

Кавадарчанец нападнал полицајци кои го запреле на полициски час

Кавадарчанец нападнал полицајци кои го запреле на полициски час

Кавадарци, 13 април 2020 (МИА) – Кавадарчанец на возраст од 26 години бил агресивен и физички нападнал полицајци кои го запреле за време на полициски час во саботата навечер, па ќе му биде поднесена соодветна пријава. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Вечерта околу 20.30 часот, тој се движел по улицата „Григор Прличев“ во Кавaдарци, кога бил запрен за легитимирање од страна на полициски службеници, поради непочитување на забраната за движење. Поради агресивноста и физичкиот напад, бил лишен од слобода. Се работи на документирање на случајот. свд/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свлечиште на патот кон Бањиче

Мицкоски да одговори колку пари чинело неговото возење со авион до море и со кого бил, бара СДСМ

Владата ги усвои измените на Законот за градење