Утрински Весник
Свет

И Франција надмина еден милион заразени со коронавирус

Во ноември може да нè погоди втор бран на коронавирус, вели советник на француската Влада

По Шпанија, и Франција ја надмина бројката од над еден милион заразени лица со коронавирус. Со тоа, досега во земјата со коронавирус се заразиле 1.000 369 лица.

Само вчера беа регистрирани 26.676 нови случаи, што е шести пат, во период од 12 дена, во Франција да има над 25.000 нови инфекции.

Досега починале 34.075 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп се закани дека ќе го употреби Законот за бунт поради протестите во Минесота

Деактивирани се пет милиони профили на малолетници на социјални мрежи во Австралија

Грција донираше воена опрема на Либан