Утрински Весник
Спорт

И УС опен добива нов термин?

Судбината на УС Опен ќе стане јасна во јуни

Индијан Велс, 4 мај 2020 (МИА) – Пред неколку дена, американската тениска асоцијација објави дека УС Опен ќе се игра нормално, кон крајот на август и почетокот на септември во Њујорк, но директорот на федерацијата, Мајкл Даус во понеделникот изјави дека една од опциите е да се пресели турнирот во Индијана Велс во ноември.

– Оваа опција ја имаме на располагање ако работите со коронавирусот не се подобрат. Сè е подобро од откажување, рече Даус.

Гренд слем турнирот УС Опен е предвидено да започне со квалификации на 24 август, а со оглед на тоа што Њујорк е најголемото фокусно место на американскиот коронавирус, сигурно е дека ќе се игра без гледачи.

Индијан Велс е втор по големина тениски комплекс во САД.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство