Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

И тоа се случи – хокеј на мраз со маски!

И тоа се случи – хокеј на мраз со маски!
300x250 opst2

Руските и канадските хокеарки мораа да носат медицински маски за време на нивниот меч на Олимпијадата во Пекинг во една од најбизарните сцени во олимписката историја.

Хокеарките и официјалните лица се решија на ваква мерка откога првично мечот беше одложен повеќе од еден час откако Канаѓанките одбиваа да го почнат мечот без да ги добијат резултатите од ковид-тестовите на своите руски ривалки по што мораше да интервенира и Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).

Според руската „Мач ТВ“, Интернационалната хокејска федерација (ИИХФ) ги сменила ковид-протоколите наредувајќи тестови во текот на утрото по што Русинките се тестирале три часа подоцна по појадокот и се појавиле во арената без документи со кои се потврдува негативниот тест.

Канаѓанките потоа протестирале и најавиле бојкот на играта пред да се дојде до компромис и хокеарките да носат заштитни маски на лицето. Хокеарките добиле дозвола да ги симнат маските во третата третина по потврдените негативни тестови на Русинките, иако Канаѓанките решиле да ги задржат маските.

Канада, која е фаворит за златото, стигна до лесна 6:1 победа.

> И тоа се случи – хокеј на мраз со маски! <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН