Утрински Весник
Спорт

И со нов тренер, Валенсија продолжува да тоне

И со нов тренер, Валенсија продолжува да тоне (видео)

 

Ниту шестото враќање на Воро на клупата на Валенсија не помогна да се подобри формата на „лилјаците“, кои дома загубија со 0:2 од Атлетик Билбао за да паднат на 10. место на табелата со само една победа по рестартот на Ла лига.

Алберт Селадес беше отпуштен вчера, но тоа очигледно не ги подобри работите во тимот – Раул Гарсија стрелаше во 13. и во 47. минута за Билбао да ги однесе трите поени од „Месталја“ и да се искачи на седмото место на табелата.

Алавес пак, се постави во позиција да се бори за опстанок до крајот на шампионатот, откако дома загуби со 0:2 од Гранада.

Текстот И со нов тренер, Валенсија продолжува да тоне е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија