Утрински Весник
Свет

И Словачка протерува руски дипломати

И Словачка протерува руски дипломати

Словачка соопшти дека одлучила да протера 35 руски дипломати врз основа на информациите добиени од разузнавачките служби.

„Словачка ќе го намали персоналот на руската амбасада во Братислава за 35 лица. Жалиме што по претходните протерувања на руски дипломати во последните неколку години, руската дипломатска мисија не покажа никаков интерес да работи коректно во Словачка“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Јурај Томага.

Словачка претходно овој месец веќе протера тројца руски дипломати поради наводна шпионажа.

Вчера други земји од ЕУ – Белгија, Холандија, Ирска и Чешка соопштија дека протеруваат десетици руски дипломати осомничени за шпионирање, во координирана акција преземена во екот на војната на Москва во Украина.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија