Утрински Весник
Македонија

И Северна Македонија меѓу земјите кои бараат ослободување на Навални

И Северна Македонија меѓу земјите кои бараат ослободување на Навални

На заедничката изјава на Советот за човекови права, со која се повикува Руската Федерација за итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални и сите лица кои се незаконски или произволно лишени од слобода, потпишана и Северна Македонија, веста ја пренесуваат повеќето регионални медиуми.

Во изјавата, потпишана од 45 други земји, се изразува загриженост за влошувањето на човековите права и основните слободи во Руската Федерација.

„Апсењето на Навални и изрекувањето на казна се засноваа на претходната пресуда што Европскиот суд за човекови права ја прогласи за произволна и очигледно неразумна.Тоа се случи во контекст на обидот да се отруе овој руски државјанин, без настанот да биде соодветно истражен и веродостојно објаснет“, беше наведено во изјавата потпишана во рамките на 46-та седница на Советот за човекови права, цитирана од некои медиуми во регионот.

Земјите потписнички се загрижени и за големиот број на самоволни апсења на демонстранти кои изразија поддршка за Навални во многу руски градови.

На списокот на држави потписнички се вклучени и Црна Гора, Албанија, Хрватска, Франција, Германија, Велика Британија и САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Херојска интервенција: Полицијата спаси маж заглавен на тераса при пожар

Менаџер на продавница од дневниот промет си присвоил речиси 2,8 милиони денари

Над 140 жалби за еден ден по трагедијата во Кочани, СЕММ сомнева оркестриран дигитален напад