Утрински Весник
Македонија

И Општина Центар Жупа бара прекин на наставата

И Општина Центар Жупа бара прекин на наставата

Центар Жупа,10 март 2020(МИА) – Општина Центар Жупа, каде што беа потврдени првите случаи на заразени со коронавирус формира кризен штаб, кој на денешната седница донесе неколку препораки, мерки и барања.

Едно од барањата е Mинистертвото за образование и наука под итно да донесе одлука за прекин на наставата на неодредено време.

Од Mинистерството за здравтсво, Државниот санитарен и здравствен испекторат и другите надлежни органи се бара да соработуваат со органите на локалната самоправа и со Кризниот штаб, додека од Mинистерството за внатрешни работи следење на препораката колку лицата кои се во домашна изолација ги почитуваат препораките за тоа.

Во рамки на препораките од Крзниот штаб од постојаните жители и оние кои доаѓаат од Италија се бара да го ограничат движењето, односно без посебна потреба да не излегуваат од дома и строго да ги почитуваат препораките на надлежните. На вршителите на јавен превоз им се препорачува под итно да извршат дезинфекција на возилата.

Во рамки на мерките, од денеска воведена е редукција на бројот на вработените, одосно во секоја од службите е воведено дежурство. Во соработка со Центарот за јавно здравје ќе се изврши дезинфекција на училшните објекти и општинската зграда.

Во оваа општина освен сопружниците кои на 27 февуари пристигнале од градот Бреша, Италија, засега нема потврдено нов заразен со овој опасен врус,но  се уште во домашна изолација се повеќе лица кои контактирале со заразените, како и двајцата лекари и двајцата медицински техничари од здравствениот пукт, кај кои за лекарска помош се јавиле заразените.

Советот на Општна Дебар на синоќешната вонредна седница покрај другото од Министертото за образование и наука побара под итно да донесе одлука за прекин на наставата, откако беше потврдено дека тројцата новозаразени се од Дебар, а во домашна изолација се четврица здравствени работици и повеќе други лица.вт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска се празнува света великомаченик Мина

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“