Утрински Весник
Македонија

И градежништвото со негативни бројки во работењето од појавата на корона вирусот

И градежништвото со негативни бројки во работењето од појавата на корона вирусот
Dik 300x250 mk

Македонските градежници трпат загуби од епидемијата на корона вирусот на домашниот и на странските пазари. Податоците од Државниот завод за статистика за работењето на градежниот сектор на почетокот од годинава не се нималку позитивни.

Договорените градежни работи на странските пазари во периодот јануари-март 2020 година изнесувале околу 2,8 милиони евра, односно за 24,7 отсто помалку во споредба со идентичниот период лани. Градежната оператива од земјава во првиот квартал од годинава во странство извршила проекти во вредност од околу 390.000 евра, што е за 51 отсто помалку во споредба со периодот јануари-март 2019 година.

Состојбата со работни активности за градежниците не е поволна ниту на домашниот пазар.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2020 година биле издадени 219 одобренија за градење, што е за 20,9 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите кои допрва ќе се изведуваат изнесувала 44,3 милиони евра, што е за 11,2 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Единствена надеж за пребродување на постојната негативна состојба во градежниот сектор е реализацијата на капиталните инвестиции од владата. Од Министерството за транспорт и врски уште пред еден месец изјавија дека во екот на корона кризата нема да запре изведбата на проектите во патната и железничката инфраструктура, водоводните и канализациони мрежи, како и гасификацијата на земјата.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Филипче: Ја слушаме јавноста и ќе ги направиме неопходните кадровски промени во СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уште го игра бугарското сценарио

Судот одреди мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука