Утрински Весник
Македонија

И во следните денови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето утре претпладне ќе биде со сончеви периоди. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. УВ=6

dobivaj vesti na viber

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во вечерните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.

И во четврток ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Можете да прочитате

МОН ги објави резултатите: Доделени над 2.400 стипендии за социјална поддршка и дуално образование

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за нерегуларности околу грант од 1,4 милиони евра за „Мамас“ и бара истрага од ЈО

Не излегувајте без чадор: Се очекуваат обилни врнежи од дожд, на повисоките места снег