Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: Ниту еден од вработените не е позитивен на КОВИД 19

ИЈЗ: Ниту еден од вработените не е позитивен на КОВИД 19

Скопје, 7 јуни 2020 (МИА) – Во Институтот за јавно здравје ниту еден од вработените не е позитивен на Ковид 19, информираат од институцијата.
Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца. Ова е официјална информација од Институтот за јавно здравје потврдена од директорот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана, се наведува во соопштението.
Од Институтот посочуваат дека официјалните информации за состојбата со Ковид 19  се објавуваат на интернет страницата на институцијата и на страницата на Министерство за здравство. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ќура: Ископувањата околу изворот „Шум“ причина за матноста на водата во Струга

Кривична за поранешниот градоначалник на Росоман за противправно прибавени 500.000 денари од Буџетот на Општината

„Марш на ангелите“ во сабота – Граѓаните повикани на достоинствен собир за правда