Утрински Весник
Свет

Итен увид на знаците и ознаките на магистралните патиштата во Бугарија по несреќата

Итен увид на знаците и ознаките на магистралните патиштата во Бугарија по несреќата

Министерството за регионален развој и јавни работи и Државната агенција за безбедност на патиштата во Бугарија започнаа со итен увид на знаците и коловозните ленти на автопатиштата во Бугарија.

Причина е тешката катастрофа на автопатот Струма со 44 загинати лица, пишува БНТ.

Во увидот ќе бидат вклучени бугарски и меѓународни експерти, како и претставници на невладини организации.

Претходно денеска беше соопштено дека е пуштен сообраќајот од патната клучка „Старо Село“. Сообраќајот од клучката за Бошнек до „Старо село“ на автопатот се одвива во двата правца во коловозната лента во правец кон Софија.

Патот кон Дупница, каде што се случи тешката катастрофа на 44 загинати граѓани од Македонија, останува затворен.

Можете да прочитате

Скандал во Британија: Сопруг ја дрогирал жената и ја давал на други мажи

Спречен обид за пробив во нуклеарна база во Шкотска од Иранци

Џорџија го укина на 60 денови данокот на гориво поради војната на Блискиот исток