Утрински Весник
Свет

Итен разговор меѓу Путин и Шолц – се решава судбината на Украина

Итен разговор меѓу Путин и Шолц – се решава судбината на Украина
Dik 300x250 mk

Германскиот канцелар Олаф Шолц телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.

Германската влада објави дека Путин му рекол на Шолц дека третата рунда руско-украински преговори е закажана за викендот.

Кабинетот на германската канцеларка соопшти дека Путин го информирал Шолц за третата рунда преговори меѓу Руската Федерација и Украина и дека тие се планирани за викендот.

Да потсетиме, вчера се одржа втората рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина.

Украина и Русија се договорија да обезбедат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, испорака на храна и лекови, изјави советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, Михаил Подољак.

Тој рече и дека Киев не постигнал резултати во текот на преговорите на кои сметала украинската страна.

Тој додаде дека Украина и Русија разговарале за прекин на огнот за време на евакуацијата на граѓаните во оние области каде што ќе се изврши евакуацијата.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп