Утрински Весник
Спорт

Италија сака максимален капацитет на стадионот за мечот против Македонија

Италија сака максимален капацитет на стадионот за мечот против Македонија

Македонската фудбалска репрезентација на 24 март ќе гостува во Палермо и ќе има дуел против европскиот првак Италија во плејофот за пласман на Светското првенство во Катар. Во Италија владее голема еуфорија за овој натпревар, а челниците на италијанскиот фудбал сега побараа и максимална исполнетост на стадионот „Ренцо Бербера“.

Откако експресно беа продадени 26.000 билети, сега првиот човек на ФИГЦ, Габриеле Гарвина, испратил писмо до министерот за здравство Роберто Спаренца, да издаде специјална дозвола за мечот со Македонија да се искористи максималниот капацитет на стадионот.

Стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо има капацитет од 36.000 столчиња, но поради мерките за пандемијата на коронавирус, владата на Италија засега дозволува 75% исполнетост на стадионите.

Победникот од плејофот меѓу Италија и Македонија во финалната пресметка за пласман на СП во Катар ќе игра против подобриот од натпреварот меѓу Португалија и Турција.

> Италија сака максимален капацитет на стадионот за мечот против Македонија <

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет