Утрински Весник
Свет

Италија парично ќе ги казнува луѓето над 50 години кои не се вакцинирани, важи и за странци

Италија парично ќе ги казнува луѓето над 50 години кои не се вакцинирани, важи и за странци

Oд денеска во Италија ќе стапат на сила нови ограничувања поврзани со епидемијата на коронавирус, вклучително и казни за невакцинирани лица постари од 50 години, кои ќе важат и за странците кои живеат во таа земја.

Луѓето кои влегуваат во Италија од други земји на ЕУ кои ќе приложат доказ за целосна вакцинација или потврда дека се опоравиле од Ковид-19, од вторник нема да мора да имаат и негативен тест како предуслов за влез.

Поради многу заразната омикорн варијанта, тестот досега беше задолжителен за сите, без разлика на статусот.

Од почетокот на јануари, вакцинацијата против Ковид-19 е задолжителна за лицата над 50 години.

Од денеска, лицата од оваа возрасна група кои сè уште не се вакцинирани, или не примиле втора доза или бустер доза и покрај тоа што имаат можност да го сторат тоа, ќе бидат казнети со 100 евра.

Мерката останува на сила до 15 јуни и се однесува на сите жители на возраст над 50 години, вклучително и странски државјани.

Од 15 февруари припадниците на оваа возрасна група ќе треба да достават и доказ за вакцинација или закрепнување од болеста на работа и ќе бидат принудени да работат од далечина доколку не се во можност да го сторат тоа.

Оние кои ќе ги прекршат мерките се соочуваат со казни од 600 до 1.500 евра.

Промени има и кога станува збор за купување.

Од денеска посетителите на книжарниците, банките или канцелариите ќе треба да покажат потврди за вакцинација или прележана болест.

Тоа не се однесува на супермаркетите и аптеките.

Во Италија, која има околу 60 милиони жители, речиси 81 отсто од вкупното население се вакцинирани против Ковид-19.

Можете да прочитате

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија