Утрински Весник
Свет

Италија воведува локдаун за време на божиќните и новогодишните празници

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ќе воведе национална блокада за време на божиќните и новогодишни празници, рече премиерот Џузепе Конте. Според новите регулативи, сите продавници кои не продаваат најпотребна стока ќе бидат затворени во периодот од 24 до 27 декември, од 31 до 3 јануари до 5 и 6 јануари. За време на тие денови, Италијанците ќе можат да одат на работа и да излегуваат надвор од здравствени или итни причини.

Продавниците ќе бидат отворени меѓу 28 и 30 декември и на 4 јануари, кога луѓето ќе можат да ги напуштат своите домови. Сепак, сите барови и ресторани ќе останат затворени во текот на целиот празничен период. Претходно, Министерството за здравство објави дека во изминатите 24 часа починале 674 лица од 19, а заразени се 17.992 лица.

Во Италија, од почетокот на пандемијата, починале 67.894 лица од Ковид-19, а регистрирани се 1,92 милиони случаи. Во првата половина на ноември, вториот бран на пандемија во Италија започна да се забрзува и оттогаш околу 1.000 пациенти се примаат дневно во болниците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија