Утрински Весник
Спорт

Италија без Имобиле на завршниот турнир во Лигата на нации

Италија без Имобиле на завршниот турнир во Лигата на нации

Чиро Имобиле ќе го пропушти завршниот турнир во Лигата на нации. Напаѓачот на Лацио се повредил во четвртокот против Локомотив Москва. Поради болка во мускулот, тој беше заменет во полувремето.

„Чиро чувствува силна болка во мускулот. Во наредните неколку дена ќе му бидат извршени прегледи, потоа ќе објавиме колкава пауза го очекува“, соопшти медицинскиот тим на Лацио.

Имобиле во репрезентацијата ќе го замени напаѓачот на Јувентус, Мојсе Кен.

Завршниот турнир во Лигата на нации ќе се одржи во Италија, во Милано и Торино. Шпанија ќе игра против Италија на 6.октомври во Милано, ден подоцна во Торино ќе се сретнат Франција и Белгија.

> Италија без Имобиле на завршниот турнир во Лигата на нации <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026