Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Италијанскиот суд привремено го ослободи Пучдемон од обвинението

Италијанскиот суд привремено го ослободи Пучдемон од обвинението
300x250 opst2

Италијанскиот суд ја одложи одлуката по барањето на Шпанија за екстрадиција на поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон и му дозволи да патува.

Пучдемон го напушти судот на италијанскиот остров Сардинија во придружба на адвокат, се ракуваше и ги прегрна своите поддржувачи и рече дека е многу среќен, пренесуваат агенциите.

Неговиот адвокат Агостинаџело Марас рече дека судот по одлуката за екстрадиција на Пучдемон во Шпанија, која го товари за бунт, ги чека одлуките на европските судови за две прашања.

Тој изјави дека во меѓувреме Пучдемон може да патува каде сака.

„Тој е апсолутно слободен. Судот ќе закаже ново рочиште кога европските судови ќе одлучат за две прашања. Едното е имунитетот на претседателот Пучдемон, другото е легитимитетот на шпанскиот суд да издаде налог за апсење“, рече Марас.

Тој беше уапсен на 23 септември во Сардинија, каде што дојде од Белгија, за да присуствува на Каталонскиот културен фестивал, на покана на сепаратистичкото движење на тој италијански остров.

Судот го ослободи еден ден подоцна, но до ден денес не му беше дозволено да го напушти островот.

Во октомври 2007 година, Пучдемон избега од Шпанија во Белгија со неколку соработници, со цел да избегне апсење поради обидот за отцепување на Каталонија, односно организирање референдум за независност.

Можете да прочитате

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати