Утрински Весник
Спорт

Италијано нов тренер на Фиорентина

Италијано нов тренер на Фиорентина

Виченцо Италијано е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Фиорентина. 43-годишниот тренер дојде на местото на Џенаро Гатузо, кој помалку од три недели беше тренер на клубот од Фиренца. Гатузо си замина поради несогласувањата со клупските челници.

Италијано со Фиорентина потпиша договор до јуни 2023 година, со опција истиот да биде продолжен на уште една сезона.

Интересно, тренерот, пред еден месец го продолжи договорот со Специја, со која минатата сезона го освои 15.место во Серија. За да се пресели во Фиренца, Италијано од својот џеб ја платил клаузулата од 1.000.000 евра.

> Италијано нов тренер на Фиорентина <

Можете да прочитате

Трет триумф на македонските ракометари на Светското училишно првенство

Македонските ракометарки го освоија првото место во групата на Светското училишно првенство

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена