Утрински Весник
Македонија

Исчистен каналот кај полициската станица во подножјето на Водно

Исчистен каналот кај полициската станица во подножјето на Водно
Dik 300x250 mk

По повеќе од десет години службите на Општина Центар го исчистија каналот кој се наоѓа во непосредна близина на полициската станица на Водно, односно т.н. Шеста управа. Со помош на механизација изминатите неколку дена од каналот со должина од околу 100 метри извадени беа над 50 м3 кал, градежен и комунален отпад, гранки и паднати дрва, посочија општинските власти.

Општината го исчистила каналот по барање на граѓаните, но и на рекреативците кои секојдневно ја искачуваат планината со што овој дел од Центар добил, како што велат, почист лик.

„Оваа активност доаѓа по бројните забелешки од жителите од овој дел од општината, но и од рекреативните планинари, кои извесен период бараат да се реши состојбата со овој канал. Овие забелешки ми се добро познати, бидејќи и самиот јас сум рекреативен планинар. Со службите излеговме на терен и каналот веќе е исчистен“, изјави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Герасимовски упати апел и до останатите жители, секаде каде што има потреба од интервенција од службите, да се обратат до општината, со цел овозможување на брза и навремена реакција и ефикасно решавање на проблемот.

Можете да прочитате

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

Одреден притвор на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и уште тројца осомничени