Утрински Весник
Македонија

Истражување на УНИЦЕФ: 80% од родителите високо ја оценија онлајн наставата

Истражување на УНИЦЕФ: 80% од родителите високо ја оценија онлајн наставата

Позитивни оцени за онлајн наставата даваат анкетираните родители во истражувањето на УНИЦЕФ, спроведено со 1793 родители. Дури 55% од анкетираните родители на деца кои посетувале настава на далечина истата ја оценуваат со „петка“ или одлично, 25% ја оценуваат со „четворка“ или многу добро.

„ Истражувањето покажува дека перцепцијата на родителите е дека е значително подобрена онлјан наставата оваа учебна година во споредба со лани. Според податоците од истражувањето со родителите може да се заклучи дека има голем напредок во однос на организацијата на наставата и квалитетот на истата, споредено со лани. Оваа година дури 45% од анкетираните родители рекле дека не се соочиле со поголеми потешкотии во однос на организацијата на онлајн учењето на своите деца, додека лани вака одговориле само 19%. Покрај ова, се забележуваат позитивни трендови во однос на сите прашања поврзани со наставата, па така само 14% од нив рекле дека „наставниците им даваат преобемни задачи на учениците“ во споредба со лани кога вака одговориле 29%“ соопшти МОН.

Како што се наведува само 12% од родителите рекле дека не добивале доволно повратни информации од наставниците за напредокот на децата споредбено со лани кога 22% го тврделе ова. Понатаму, само 4% рекле дека организацијата на училиште била хаотична додека лани секој петти родител сметал вака и само 2% оваа година рекле дека наставниците не правеле никаква проверка на знаењето во споредба со 12% кои ова го тврделе за ланската учебна година.

На прашањето „Севкупно, колку сте задоволни од поддршката што ја добиваше Вашето дете од училиштето и од наставниците додека се одвиваше учењето од дома?“ 61% од анкетираните родители рекле дека се многу или прилично задоволни, што претставува значително попозитивен став споредбено со лани кога 42% го тврделе истото.

Родителите се многу задоволни и од наставниците и начинот на кој тие работеле со нивните деца. Високи 70% ги оцениле наставниците со „петка“ а дополнителни 19% проценти со „четворка“.

Можете да прочитате

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа

Милошоски: Донесениот заклучок од страна на членовите на Судскиот совет за продолжување на мандатот на Весна Дамева е незаконски