Утрински Весник
Свет

Истражување: Митинзите на Трамп довеле до 30.000 заболени и 700 смртни случаи од Ковид-19

Истражување: Митинзите на Трамп довеле до 30.000 заболени и 700 смртни случаи од Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Масовните предизборни митинзи на американскиот претседател, Доналд Трамп, доведоа до повеќе од 30.000 нови случаи на Ковид-19 и најверојатно предизвикаа смрт на 700 Американци, се вели во новото истражување на Универзитетот Стенфорд.

Водачите на истражувањето објавено во петокот следеле 18 митинзи на Трамп меѓу јуни и септември и нивните посетители до десет недели по митингот.

„Заедниците каде што се одржуваа митинзите на Трамп платија висока цена во однос на болеста и смртта“, заклучија истражувачите.

Истражувањето покажало дека стапката на заболени од Ковид-19 често се зголемувала во заедниците што биле домаќини на собирите во споредба со блиските градови што Трамп не ги посетил.

„Постојат некои индикации дека почитувањето на здравствените упатства, како што е употребата на маски, се подобри на подоцнежните митинзи“, напишаа истражувачите.

На митинзите на Трамп, на посетителите им биле делени маски и им била мерена температура, но многумина не ги носеле маските.

Портпаролот на неговиот противкандидат, Џо Бајден, остро ги критикуваше митинзите на Трамп како места на „супер ширење“ на вирусот каде што се прекршени сите здравствени мерки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Унгарија: Воениот заем на ЕУ за Украина нема да донесе мир

Група облечена како Дедо Мраз украде храна во Монтреал за да ја подели на сиромашните

Сојузниците губат доверба во САД по политика на Трамп