Утрински Весник
Спорт

Ван Бастен: Да си фудбалски тренер е штетно по твоето здравје

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Легендарниот холандски напаѓач на Милан, Марко ван Бастен признава дека не бил добар фудбалски тренер и дека е среќен што нема ваква работа, која е „штетна“ за здравјето.

Како фудбалер, Ван Бастен беше еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација, предводејќи ја Холандија до европската титула во 1988, и блескајќи за Ајакс и Милан пред предвреме да ја заврши кариерата на само 28 години поради повреди.

Во 2004 година тој почна со тренерската кариера и работеше со холандската репрезентација, Ајакс, Херенвен и АЗ Алкмар, но признава дека таа работа не е за него и пресреќен е што веќе не ја работи.

„Не сум добар тренер. Можам да работам со фудбалерите и да зборувам за фудбал, но кога бев тренер и губев беше многу болно, и не можев да живеам со тоа. Како менаџер мораш да си позитивен со луѓето, како татко со своите синови и тоа навистина го немав. Исто така, таа професија е лоша за здравјето. Кога бев помошник, бев интелигентен и имав трпение. Како главен тренер бев целосна спротивност. Добро е што си заминав навреме. Имам некој бизнис и работам за ТВ, имам убава жена, убави деца, две внучиња, сите сме здрави… Уживам во животот“, вели Ван Бастен во интервју за британскиот „Гардијан“.

> Ван Бастен: Да си фудбалски тренер е штетно по твоето здравје <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори

Познати двојките во првото квалификациско коло на Macedonian Open 2024