Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Истрага за недозволена трговија со марихуана во Скопје

Истрага за недозволена трговија со марихуана во Скопје
Img 7972

-Осомничениот 23-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал, држел наркотична дрога марихуана во вкупна нето количина од 486,04 грама, спакувана во повеќе полиетиленски пакувања со различна грамажа, како и едно полиетиленско пакување со 4,04 грама психотропна супстанција – амфетамин. Дрогата била пронајдена при претрес на 24 април, при што биле одземени и две дигитални ваги, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да се даде во бегство или да го повтори делото.​ дма/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија ја освои престижната награда за „Развивање на Темата” на ЕКСПО 2025 во Осака

Бојан Маричиќ од Киев: „Консензусот во ЕУ ќе дојде, но прво треба дела“

Мојсоска: Стружани се трујат од запален јаглен во рудникот Пискупштина