Утрински Весник
Спорт

Историја во Белград: Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап (ВИДЕО)

Историја во Белград: Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап (ВИДЕО)

Во Белград вечерва се испишува нова историја во светската атлетика бидејќи Арманд Дуплантис го собори светскиот рекорд во скок со стап. Шведскиот атлетичар прескокна височина од 6,19 метри и со тоа го надмина сопствениот резултат, најдобар на сите времиња. Тоа го направи во третата серија со помош на поддршката од публиката во белградската „Старк арена“.

Дуплантис прво прескокна 5,61 метри, а потоа и 5,85 метри. Потоа летвичката беше подигната на точно 6,00 метри и тој лесно ја прескокна, а во договор со тренерот реши веднаш да го нападне светскиот рекорд.

Во последниот скок ја доби поддршката од публиката и успеа да испише историја.

> Историја во Белград: Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап (ВИДЕО) <

Можете да прочитате

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот

Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник