Утрински Весник
Спорт

Историско злато за Фрејзер-Прајс на 100 метри

Шели-Ен Фрејзер-Прајс од Јамајка го освои златниот медал на 100 метри на Светското првенство во Јуџин, со време од 10,67 секунди.

dobivaj vesti na viber

Така, 35-годишната Фрејзер Прајс постави рекорд на светските првенства и по петти пат во кариерата стана најдобра во светот, што никој досега не го направил. Во исто време, таа стана најстарата шампионка во историјата во индивидуалните дисциплини.

Исто како и на Олимписките игри во Токио, Јамајка ги собра сите три медали на 100 метри, само што сега распоредот е поинаков.

Елејн Томпсон-Хера, златната во Токио, сега беше трета со 10,81, а Шерика Џексон втора со 10,73 секунди.

Четврта беше Британката Дина Ашер-Смит, која постави нов национален рекорд со 10,83 секунди, а петта Мујинга Камбоџи од Швајцарија (10,91).

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026