Утрински Весник
Спорт

Историски подвиг на Грабак – Норвежаните победија во нордиска комбинација

Историски подвиг на Грабак – Норвежаните победија во нордиска комбинација

Норвешка освои златен медал во нордиска комбинација. Норвежаните се водечка нација на Зимските олимписки игри во Пекинг со 29 медали, 14 од нов златни.

Јорген Грабак, Јенс Лурас Офтебро, Еспен Бјоемстад и Еспан Андерсен беа најдобри во скоковите од големата скокалница и во трката на 4×5 километри. Траката ја завршија со време 50:45.1 минути, 55 секунди подоцна во целта влегоа „сребрените“ Германски и „бронзените“ Јапонци.

Оваа трка во олимписката историја го смести Јорген Грабак. Само тој на две олимпијади по ред успеал да освои златни медали во индивидуална и екипна конкуренција. Вкупно, во Пјонгчанг и Пекинг, Грабак освои четири златни медали во нордиска комбинација.

> Историски подвиг на Грабак – Норвежаните победија во нордиска комбинација <

Можете да прочитате

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл