Утрински Весник
Спорт

Историска ноќ за Јута Џез, постигнаа 154 поени

Историска ноќ за Јута Џез, постигнаа 154 поени

Јута Џез, изминатата ноќ, ја забележаа најубедливата победа и постигнаа најмногу поени во историјата на франшизата. Џезерите ги победија Сакраменто Кингс со 154:105.

Најдобриот тим во лигата, без Мајлл Конли и Донован Мичел, ги декласира Кингс, иако по првиот период Јута имаше предност од три поени. Противникот го декласираа во вториот во кој постигнаа 46, а примија само 17 поени.

Џезерите, одиграа брилијантно во нападот, реализираа 64 отсто од поле, тројки шутираа 24/41 (58,5%).

Сакраменто го доживеаја најтешкиот пораз во последните 30 години.

Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ постигна 24 поени, Кларксон 23, Нијанг 19, Томас 17 поени.

Јута со 45 поени и 17 порази ја предводи НБА лигата.



> Историска ноќ за Јута Џез, постигнаа 154 поени <

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство