Утрински Весник
Економија
Img 7972

Исплата на пензиите од утре во НЛБ Банка

Исплата на пензиите од утре во НЛБ Банка
Img 7972

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – НЛБ Банка, согласно моменталните случувања со пандемијата на коронавирусот, а во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, од утре ќе почне исплата на пензиите.

Од Банката информираат дека од утре до 27-ми овој месец ќе пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 28 март пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката.

Од банката наведуваат дека поради моменталната кризна ситуација, експозитурите на Банката имаат изменето работно време, па затоа се препорачува пред посета на некоја експозитура да се провери работното време на веб страницата на Банката: www.nlb.mk

Банката апелира да се намалат посетите во експозитурите, при што на клиентите на располагање им стои широка мрежа банкомати со 24- часовна достапност. Исто така,наедуваат дека со цел намалување на користењето на готовина, средствата на клиентите им се достапни за вршење на безготовински трансакции со платежните картички или преку електронско и мобилно банкарство.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура

За изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во август годинава исплатени 19,5 милиони евра

ЧОКОЛАДА И ШЕЌЕР – Сладок бизнис за крупен финансиски залак