Утрински Весник
Економија

Исплата на пензиите од крајот на месецот

Објавен комплетниот список за финансиска помош од 6000 денари од Владата
Dik 300x250 mk

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.03.2021 година, на кои им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2021 година.

Банките готовинската исплата на пензии треба да ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2021 година (понеделник).

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2021 година (вторник).

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2021 година (среда).

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2021 година (четврток).

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто