Утрински Весник
Свет

Исламска држава го зазеде клучното пристаниште на Мозамбик

Исламска држава го зазеде клучното пристаниште на Мозамбик

Екстремисти поврзани со Исламска држава, по повеќедневни борби, го зазеле клучното пристаниште во Мозамбик, пренесуваат локалните медиуми.

Според информациите, владините сили кои биле во крајниот северен град Мосимбоа да Праја побегнале, многумина со чамци, откако исламистите упаднале на пристаништето, пренесува Би-би-си.

Градот е близу до местото на проекти за природен гас во вредност од 60 милиони долари.

Во последните месеци милитантите зазедоа голем број северни градови, раселувајќи десетици илјади луѓе.

Ова беше исто така еден од неколкуте напади врз Мосимбоа Да Праја оваа година, бидејќи милитантите поврзани со Исламската држава ги засилија нападите во регионот.

Пристаништето се користи за испорака на товар на нафтените проекти оддалечени околу 60 километри (37 милји), кои ги развиваат нафтени гиганти вклучувајќи го и Тотал.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела