Хуманитарната агенција „Спасете ги децата“ соопшти дека исламистичките милитанти обезглавуваат деца на возраст од 11 години во северната провинција Кабо Делгадо во Мозамбик.
Една мајка за агенцијата изјавила дека морала да гледа како нејзиниот 12-годишен син е убиен на овој начин близу до местото каде што се криела со нејзините други деца.
Повеќе од 2.500 луѓе се убиени, а 700.000 ги напуштиле своите домови од почетокот на исламистичкиот бунт во 2017 година. Милитантите се поврзани со групата Исламска држава (ИД).
Во својот извештај, агенцијата наведува дека разговарале со раселените семејства кои пријавиле грозни сцени во провинцијата богата со гас.