Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ИРУ ќе одржи Конгрес за избор на ново раководство

ИРУ ќе одржи Конгрес за избор на ново раководство
300x250 opst2

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА)Во пресрет на 50 години од одржувањето на Првиот Светски конгрес на Ромите, Интернационалната Ромска Унија (ИРУ) денеска преку видео конференциска врска ќе го одржи својот 11-ти Конгрес на кој ќе избира ново раководство.

На Конгресот ќе се избира претседател за нов мандат во траење од четири години. Актуелен претседател на ИРУ е Зоран Димов.

Во својот состав, Конгресот на ИРУ брои 100 делегати и членови од над 55 држави, од сите континенти.

ако претходница на овој Конгрес ИРУ организираше уште други пет континентални видео конференции со своите делегати и членство од Северна и Јужна Америка, Азија, Африка, Австралија и Европа  во периодот од 22 до 25 јуни 2020 година. За првпат во историјата на ИРУ, покрај членството и делегатите на ИРУ својот глас за повалиден и поширок добиен мандат ќе биде спроведен и со гласање на Ромите од целиот свет преку Веб платформата на ИРУ со гласање преку електронска пошта, се наведува во соопштението на ИРУ.бт/са/

 


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче од Гази Баба: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор

Филмски грабеж во центарот на Гостивар – вооружени лица со калашникови ограбија златара