Утрински Весник
Магазин

Иранка на 103-годишна возраст се излекува од коронавирусот

Иранка на 103-годишна возраст се излекува од коронавирусот

Техеран, 18 март 2020 (/) – Иранка на 103-годишна возраст целосно закрепнала откако се заразила со коронавирусот.

Иранската државна агенција соопшти дека жената се лекувала една недела во болница во градот Семнан. Таа е вториот возрасен излекуван пациент од коронавирусот. Минатата недела 91-годишен маж од Креман, југоисточен Иран, успешно бил излекуван.

Во Иран бројот на заразени е над 17.000, излечени се 5.389 лица, а починати се 1135. ки/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се откажуваат од љубовта

Експеримент со ембриони од глувци во вселената отвора нови прашања за развој на живот надвор од Земјата

Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата