Утрински Весник
Економија

ИПАРД караванот утре во Могила и Кривогаштани, задутре во Демир Капија и Валандово

Меѓународен ден на земјоделски задруги
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Инфо-деновите на кои заинтересираните земјоделци можат да дознаат нешто повеќе за мерките од ИПАРД2 програмата, утре продолжуваат во Могила и Кривогаштани.

Задутре, ИПАРД карванот продолжува во Демир Капија и Валандово.

-Сите заинтересирани земјоделци, носители на семејно земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци или правни лица од овие општини ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД Програмата 2014–2020, особено со новопромовираната Мерка 1, со цел да го развијат и модернизираат сопственото земјоделско стопанство, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според Министерството, сѐ поголема е заинтересираноста на граѓаните за ИПАРД фондовите. Земјоделците се сѐ поприсутни на средбите со Телото за управување со ИПАРД.

-Инфо-деновите се организираат во сите општини и на нив се презентираат бенефитите од користењето на ИПАРД мерките. Притоа, во фокус е Мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“. Висината на финансиската поддршка за Мерката 1 е 60 отсто од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата, а се зголемува до 65 проценти за инвестиции во земјоделски стопанства реализирани од млади земјоделци или 70 проценти за инвестиции во планинските области, стои во соопштението од МЗШВ.

Министерството потсетува дека на 29 февруари е отворен Јавен повик за инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства по Мерката 1 и ќе биде активен за пријавување до 14.04.2020 година. мч/скс/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП

МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании

Муцунски најавува нова фаза во економските односи со Обединетите Арапски Емирати