Утрински Весник
Спорт

ИОК без одлука за одложување на Игрите во Токио

Коронавирусот може да ги одложи Игрите во Токио

Лозана, 17 март 2020 (МИА) – Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) по денешниот вонреден состанок соопшти дека, и покрај заканата од пандемија на коронавирусот, засега нема да носи никакви драстични одлуки во врска со терминот за одржување на Летните олимписки Игри во Токио.

Олимпијадата во Токио треба да се одржи од 24 јули во 9 август за што ИОК најави можност само за промена на квалификациите во сите спортови.
„Се подготуваме дека Игрите ќе почнат за четири месеци, но ситуацијата со коронавирусот ја следиме од ден во ден“, велат од ИОК. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk