Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Инцидент на седницата на СЗО – Етиопскиот пратеник прекинат поради критикување на директорот

Инцидент на седницата на СЗО – Етиопскиот пратеник прекинат поради критикување на директорот
300x250 opst2

Претседателот на Извршниот одбор на Светската здравствена организација, Патрик Амот, во понеделникот го прекина етиопскиот пратеник додека тој се обидуваше да одржи говор кој содржеше критики за генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус.

Претседателот Амот ја одложи и одлуката за барањето на Етиопија да ги преиспита постапките на генералниот директор на СЗО, пренесува Ројтерс.

Инцидентот се случи на еднонеделниот состанок на Извршниот одбор на СЗО на кој се разговараше за кандидатурата на актуелниот генерален директор Гебрејесус, од етиопскиот регион Тигар, за втор мандат како шеф на здравствената агенција на ОН.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори