Утрински Весник
Македонија

Инфо ден за спроведување и користење на ИПАРД во Maкедонска Каменица

Општина Македонска Каменица со организиран дочек на Новата година
Ss2

Македонска Каменица, 17 февруари 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица утре ќе се одржи Инфо ден за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој за ИПАРД 2014-2020 програмата.

На настанот, како што информираат од подрчната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заинтересираните покрај можноста за поставување на прашања ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД можностите за рурални средини, мерките 1, 3 и 7, како и приоритетните сектори со дадени критериуми и прифатливи инвестиции.

300x250 (7)

-Исто така присутните ќе имаат можност да се запознаат со начините за диверзификација на фарми, развој на бизниси и со програмата преку која со Јавен повик можат да обезбедат користење на средства, како и информација за потребните документи и деловните планови за работа, информираат од подрачната единица на МЗШВ.

Настанот го организира Секторот за управување со ИПАРД фондови при Министерството.

Инфо денот, како што информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, ќе се одржи во Домот на културата во Македонска Каменица со почеток од 15 часот. вс/рп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби